Алгер или Алгири () — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција.
Географија Селото било чифлик сместен на северните падини на планината Каракамен, југоисточно од истоимениот врв Алгер. Се наоѓало меѓу селата Кадрево, Фурка и Ливадица.
Историја Алгер било мало македонско село, растурено во немирните години во втората половина на XVIII век. Неговите жители се преселиле во блиското село Месимер.
Наводи
Категорија:Историски села во Воден