Тампон зоната на Обединетите нации на Кипар позната и како Зелена линија ( ; ) е демилитаризирана зона, по која патролираат Мировните сили на Обединетите нации на Кипар (UNFICYP). Основана била во 1964 година, а по турската инвазија на Кипар и прекинот на огнот од 16 август 1974 година била продолжена. Линијата островот го дели на област под контрола на Република Кипар (со исклучок на областите на британската суверена база) и претежно непризнатата Турска Република Северен Кипар. Зелената линија е со вкупна должина од 180 км од Паралимни на исток до Като Пиргос на запад, а посебен дел ја опкружува Кокина. Вкупната површина на демилитизараната зона има површина од 346 км2, а нејзината ширина варира од 20 м до над 7 км.
Линијата на поделба се нарекува и Линија Атила,Oxford References: Attila Line наречена по воената интервенција на Турција во 1974 година, со кодно име Операција Атила. Турската војска на северната страна од зоната изградила бариера, која претежно се состои од бодликава жица, бетонски ѕидови, караули, противтенковски ровови и мински полиња. Зоната поминува низ центарот на Никозија, и го дели градот на јужен и северен дел. По падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, Никозија е единствен поделен главен град во Европа.Associated Press: 30 years after the Berlin Wall, Cyprus’ division enduresIndependent.co.uk: Europe’s other wall: How militarised barrier continues to divide Cyprus, 30 years after Berlin’s came down
Во самата зона живеат околу 10.000 луѓе кои претежно го обработуваат земјиштето сместено во зоната; селото Пила е познато по тоа што е една од ретките населби на Кипар каде кипарските Грци и Турците сè уште живеат заедно. Други такви села се Денеја, Атиеноу и Трулои. Некои области поради отсуството на човечки фактор станале природен резерват за флората и фауната.
Поврзано
Кипарски конфликт Република Кипар Ексклава Кокина
Наводи
Надворешни врски
Веб-страница на UNFICYP Заборавена архитектура во тампон зоната на Обединетите нации, Кипар, фотографија на Адријан Скарброу
Категорија:Државни граници Категорија:Демилитаризирани зони Категорија:Појавено во 1947 година