Ежовица (, Езовис) — река во Нигритско, Егејска Македонија.
Течение Реката извира оd Орсова Планина во месноста Свети Костадин (Агиос Костадинос) и првично тече на североисток. Горното течение, заедно со она на реката Манас ја образува границата меѓу Орсова Планина на југоисток и главнината на Богданска Планина на северозапад. Свртува во источен правец и го носи името Транос Лакос (Τρανός Λάκκος) на грчки. Во месноста Кракопетра повторно свртува на североисток и излегува во полето, каде го носи името Ежовица. Проаѓа северно од Кизили и Ежово, а меѓу нив ја прима десната притока Ќоролук. Минува низ селото Мунух и се влева во Струма во месноста Караагач Орман како нејзина десна притока.
Во 1968 г. името на реката е сменето во Дафнис Рема (Δάφνης Ρέμα), т.е. реката на Ежово, кое е преименувано во Дафнис во 1928 г.
Притоки → лева, ← десна ← Схизменис Петрас (Ѕамурѕис) → Ватилакос ← Ќоролук → Каравидолакос
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Притоки на Струма Категорија:Визалтија