лево|мини|250x250пкс| Псалтир (околу 1700 г.) Јеротеј Рачанин, Сентендре Псалми (Евр. תְהִלִּים Техилим - „пофалби“) — една од книгите на хебрејскиот Танах, т.е. христијанскиот Стар завет. Во исламската традиција, оваа книга се почитува под името зебур. мини| Псалтир од 1881 година Псалмите се молитви во стихови, а ги има вкупно 151, и тоа на различни теми, како: пофални песни за Бога, за чудата негови, за законот божји, за непослушноста на Израилот, најавата на Синот Божји итн.; молитви за покајание, за заштита, за помош и за спасение; судбината на праведниците и грешниците; Давидовите молитви, божјиот завет со царот Давид и борбата на Давид и Голијат.Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 690-763.
Во некои од псалмите Давид се кае за своите гревови, во други го прославува Бога, во други го пророкува доаѓањето на Спасителот на светот. Така во еден од нив, опишувајќи ја Неговата убавина, како да гледа, вели: „Ти си најубав меѓу синовите човечки, благодатта тече од Твојата уста“. Псалмите низ вековите биле, па дури и денес се најомилените молитви на христијаните и Книгата која го потресува и го буди најскаменото човечко срце од духовната зачмаеност.
Поврзано Стар завет Библија Авраам Мојсеј Псалтир
Наводи
Категорија:Богослужбени книги Категорија:Книги од Стариот завет Категорија:Грцизми