Живко Шкоклевски ( во — во ) — македонски градежен инженер и универзитетски професор на Градежниот факултет во Скопје.

Животопис

Дипломирал во Прага во 1960 година, а докторирал во Скопје во 1983 година.

Учествувал во регулацијата на повеќе наши реки. Напишал учебник „Регулација на водотеци“, како и неколку други книги, меѓу кои и монографии за регулацијата на Вардар и за Дојранско Езеро.

Предавал на Градежниот факултет во Скопје од 1989 година до неговото пензионирање по предметите Хидраулика, Хидрологија и Речна хидротехника.

Наводи

Категорија:Македонски градежни инженери Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски градежни инженери Категорија:Југословенски универзитетски професори