мини|Блаже Конески еден од авторите на ова учебно помагало „Македонски правопис со правописен речник“ – учебно помагало напишано од Блаже Конески и Крум Тошев. Книгата била одобрена од Министерството за просвета на 11 декември 1950 со решение 13865, а ја издало Државно книгоиздателство на НР Македонија.

Содржина Правописот содржи пет глави.

Пишување на гласовите Во оваа глава се опфатени следните поглавја: Азбуката Самогласките а о у е, и Вокално р ол Согласките ј ќ, ѓ ѕ л, љ њ х в ф Согласките на крајот на зборот Едначење по звучност Правописот на некои согласни групи Правопис на некои наставки

Преглед на формите Во оваа глава се опфатени следните поглавја: Членот Именки Придавки Сложени именки и придавки Броеви Заменки Глаголи Глаголски форми Предлози Прилози Пишувањето на други зборови и партикули

Пренесување на делови од зборови од еден ред во друг Оваа глава нема поглавја.

Употреба на голема и мала буква Оваа глава нема поглавја.

Интерпункција Во оваа глава се опфатени следните поглавја: Точка Прашалник Извичник Две точки Пауза Наводници Запирка Апостроф

Правописен речник По петте глави од правописот следи Правописниот речник.

Речникот содржи повеќе од 5.000 збора, при што се опфатени и имиња на топоними и лични имиња.

Глаголите од а-групата се дадени во прво лице еднина, а глаголите од и- и е-групата, во прво и второ лице еднина.

Наводи

Категорија:Македонски јазик Категорија:Правопис на македонскиот јазик Категорија:Книги од 1950 година Категорија:Дела на Блаже Конески Категорија:Дела на Крум Тошев Категорија:Македонски речници