мини|228x228пкс|Адам во „Создавањето на Адам“ од Микеланџело Адам е името дадено во Битие 1–5 на првиот човек. Тој е првото човечко суштество кое е свесно за Бога и како таков има значајно место во повеќе религиски традиции, вклучувајќи ги јудаизмот, христијанството, гностицизмот, исламот и бахајската вера.

Според христијанството, Адам згрешил во Еденската градина кога јадел од дрвото на познавањето на доброто и злото. Со тоа гревот и смртта влегле во светот. Оваа грешна природа се пренела на сите негови потомци, а човештвото било протерано од Рајската градина. Според христијанската вера, човештвото може да биде искупено само преку распнувањето на Исус Христос.

Во исламот, Адам се смета за Калиф (خليفة) – Божји намесник или наследник на Земјата. Ова се толкува како тоа дека тој е Божји претставник, почеток на нов циклус на разумен живот на Земјата или и двете. Слично како во Библијата, Куранот раскажува дека Адам бил сместен во градина каде што згрешил јадејќи од Дрвото на бесмртноста, поради што го изгубил своето место во неа. Кога се покајал, Бог му простил. Ова служи како поука за човечкиот живот – луѓето грешат, ја согледуваат својата грешка и се каат.

Во гностичките верувања, телесното создавање на Адам се гледа негативно. Материјата се смета за нешто зло, а телото претставува затвор за душата на Адам. Според ова учење, Софија (Мудроста) ја пренела неговата душа на создавачот на материјалниот свет (Демиургот), кој бил измамен да ја вдуши душата во човечко тело.

Раскажувањето Во книгата Битие, името „Адам“ му е дадено на првиот човек. Освен како лично име, хебрејскиот збор адам во Библијата се користи и со значење „човек“ или „човештво“.Во Битие 1, Бог го создава светот и сите живи суштества, а човекот е создаден последен. Во Битие 2, Бог го создава Адам од правта на земјата, му вдахнува живот и го сместува во Еденската градина. Потоа ја создава жената, Ева, како негова сопатничка.Во Битие 3, Адам и Ева јадат од плодот на дрвото на познавањето. Бог го осудува Адам да работи со мака за да обезбеди храна и по смртта повторно да се врати во земјата од која е создаден.Во Битие 4 се опишува раѓањето на Каин и Авел, а потоа и првото убиство во историјата. Подоцна се раѓа нивниот брат Сит.Во Битие 5 е прикажано родословието на Адам преку Сит до Ное.

Во хебрејската Библија Во Битие 1 се вели дека Бог ги создал човекот и жената и ги благословил со зборовите:

„Плодете се, множете се и наполнете ја земјата.“

Тој им дал власт над рибите, птиците, добитокот и сите живи суштества на земјата.Во Битие 2 Бог го создал Адам од правта на земјата и му го вдахнал здивот на животот. Потоа го поставил во Еденската градина и му рекол дека може да јаде од секое дрво, освен од дрвото на познавањето на доброто и злото.

Бидејки:

„не е добро човекот да биде сам“

Бог ги довел сите животни пред Адам за тој да им даде имиња, но меѓу нив не се нашол соодветен сопатник. Затоа Бог го успал Адам и од едно негово ребро ја создал Ева.Во Битие 3 змијата ја убедува Ева да јаде од забранетиот плод. Таа потоа му дава и на Адам. Откако јадат, тие стануваат свесни дека се голи, се покриваат и се кријат од Бога.Бог ги повикува на одговорност. Адам ја обвинува Ева. Бог ја проколнува змијата да ползи по стомакот, на жената ѝ одредува болки при раѓањето и потчинетост на сопругот, а Адам го осудува со мака да ја обработува земјата сè до својата смрт, кога повторно ќе се врати во правта од која бил создаден.Потоа Бог ги изгонува Адам и Ева од Еденската градина за да не јадат и од Дрвото на животот и да станат бесмртни.

Наводи

Категорија:Исламски пророци Категорија:Јудаизам Категорија:Личности од книгата Битие