Манастир Тепе или Џами (, Μοναστήρ Τεπέ или Τζαμί, Монастири, Монастир Тепе, Ѕами) — планина во Кукушко, Егејска Македонија.

Опис Ова е долга и тесна планина во источниот дел на Кукушко. Таа го образува северниот дел на планински венец, протегајќи се на југ од планината Карадаг и од селото Папрат во Кукушко, до селото Богородица во Лагадинско. Највисокиот врв го носи истото име (Манастир Тепе). На картата на Кондојанис (1914) е означена како Џами. На север е одделена од Карадаг со превој јужно од с. Папрат, додека на југ е одделена од Клепе со мало седло.

Карпите на планината се гнајсови.

Врвот се искачува од Мирово (710 м) за околу еден час. + Врвови Име грчки Висина (м) МестоположбаМанастир ТепеΜοναστήρι981С над МировоРавна, ДагбашиΊσωμα, Ράβνα, Ντάγμπασι916ЈИ над Мирово и З над РавнаКупаΚούπα840 – 755И над Мирово и СЗ над РавнаΛυκορράχη711СЗ од МировоПацаΜάνδρα786С од МировоМировоΜύροβο682ЈЈЗ од Мирово и З од Хаџи БајрамлиΠετρωτή Κολώνα620СИ над ВрланΠροφήτης Ηλίας910С од МировоΣτρούγγα766Ј од ПапратГрадешкаΣφύρα, Γκρατέσκα654СЗ над ВрланЏамалукаΎψωμα Τζαμαλούκα855Ј од Папрат

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Кукуш