Основно училиште „Јени Ѓун“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Јени Ѓун“ - Башибос; скратено: ПООУ „Јени Ѓун“) — подрачно основно училиште во селото Башибос, претставува единка на училиштето „Јосип Броз Тито“ од градот Валандово.

Училиштето е именувано Јени Ѓун што означува Нов Ден.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Башибос, на самиот влез од левата страна, а до него се стигнува кога се преминува Чамдашка Река.

Градба

Објектот е делумно обновен. Површината на објектот е 104 метри квадратни и се загрева со печка на дрва.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Валандово Категорија:Башибос