Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Пирава; скратено: ПООУ „Гоце Делчев“) — подрачно основно училиште во селото Пирава, претставува единка на училиштето „Јосип Броз Тито“ од градот Валандово.
Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Пирава, скоро меѓу последните куќи од селото, во близина главната селска црква „Св. Ѓорѓи“.
Историја
Училиштето било изградено во 1931 година.
Градба
Објектот е делумно обновен. Површината на објектот е 1.095 m2 и се загрева со нафта.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Основни училишта во Општина Валандово Пирава Категорија:Пирава