Карадаг Маало (турски: Kara Dağ Mahallesi) — старо скопско маало.
Местоположба Карадаг маало било расположено помеѓу маалата Гази баба, Крњево и брегот на Вардар. Своето име маалото го добило поради големиот број доселеници од Скопска Црна Гора (Кара Даг).
Историја Најкарактеристично за Карадаг Маало било големиот број на ќорсокаци – слепи улици без излез. Во Карадаг Маало била сместена и Албанската учителска школа со оградено дворно место. Во близината на Карадаг Маало била и Воената болница.
Сегашност
Наводи
Категорија:Стари скопски маала