Сала „Тиволи“ () — комплекс од две повеќенаменски затворени спортски арени во Градскиот парк Тиволи во Љубљана, главниот град на Словенија. Комплексот бил отворен во 1965 година. Поголемата арена за хокеј на мраз има капацитет од 7.000 луѓе и е дом на клубот на хокеј клубот ХК Олимпија. За време на Евробаскетот 2013, капацитетот бил прилагоден на 5.600.EuroBasket2013.org Tivoli Hall Capacity: 5,600.
Помалата кошаркарска сала има капацитет за 4.500 гледачи и е вториот домашен терен на кошаркарскиот тим КК Цедевита Олимпија.
Наводи
Надворешни врски
Официјална веб страна Категорија:Статии со извори на словенечки (sl) Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Кошаркарски сали во Словенија Категорија:Љубљана