Иса Каборе (роден на 12 мај 2001, во Бобо Диуласо) — фудбалер од Буркина Фасо, играч од одбраната на , на заем од Манчестер Сити и на репрезентацијата на Буркина Фасо.

Клупска кариера Израснат во младинските категории на Рахимо, на 28 август 2019 година, Каборе потпишал професионален договор со белгискиот прволигаш Мехелен. На 29 јули 2020 година, Каборе потпишал за англискиот клуб Манчестер Сити, но останал во Мехелен на позајмица за сезоната 2020-2021, каде одиграл 27 натпревари во белгиското првенство

Во јули 2021 година, тој се приклучил на Троа на позајмица за сезоната 2021-2022, а по завршувањето на оваа позајмица тој се вратил во Франција на нова, овојпат во редовите на Олимпик Марсеј во август 2022. На 29 октомври 2022 година, тој го постигнал својот прв гол во Лига 1 во ремито 2–2 на гости против Стразбур.

На 21 јули 2023 година, Каборе му се приклучил на Лутон Таун, новопромовираниот член на Премиер лигата, на позајмица од една сезона. Сезоната, во која тој забележал 24 настапи за клубот без постигнат гол, завршила со испаѓање на Лутон од Премиер лигата по што тој се вратил во Манчестер Сити во летото 2024.

На 1 септември 2024, Каборе заминал на позајмица во португалскиот гигант Бенфика. Сепак, откако не можел да се избори за поголема минутажа во клубот, забележувајќи само седум настапи во сите натпреварувања, неговата позајмица била прекината во јануари 2025. На 6 јануари 2025, бил позајмен за остатокот од сезоната на германскиот клуб од Прва Бундеслига, Вердер Бремен.

Репрезентативна кариера thumb|left|250px|Каборе со Буркина Фасо во дуел со Карл Токо Екамби од Камерун, во натпревар помеѓу двете репрезентации на Африканскиот куп на нации 2021. Своето деби за репрезентацијата на Буркина Фасо, Каборе го имал на 9 јуни 2019 година, играјќи во пријателскиот натпревар против кој завршил 0-0. Својот прв гол за својата земја го постигнал на 8 август 2021, во победата со 4-0 над во квалификациите за Светското првенство 2022.

Во јануари 2022 година, тој бил повикан да ја претставува својата земја на Африканскиот куп на нации 2021 во Камерун. Иако не постигнал ниту еден гол на турнирот, Каборе одиграл клучна улога во пласманот на Буркина Фасо до последните четири екипи со неговите напаѓачки и дефанзивни придонеси. Тој имал три асистенции на патот на неговата земја до полуфиналето, каде што загубиле со 3–1 од подоцнежниот шампион Сенегал и на крајот бил избран за "Најдобар млад играч на турнирот".

Две години подоцна, тој бил повикан за Африканскиот куп на нации 2023 во Брегот на Слоновата Коска. Во вториот натпревар од групата против што завршил нерешено 2-2, Каборе изборил пенал за вториот гол на Буркина Фасо, кој го реализирал Бертран Траоре. Тој настапил во сите четири натпревари на неговата земја, која била елиминирана во осминафиналето после поразот со 2-1 од .

Хронологија на репрезентативните настапи

Клупска кариера Статистиката е ажурирана на 25 јуни 2023.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2019-2020 Мехелен ПЛ 5 0 КБ 0 0 - - - - - - 5 0 2020-2021 ПЛ 23+4 0 КБ 2 0 - - - - - - 29 0Вкупно Мехелен 28+4 0 2 0 - - - - 34 0 2021-2022 Троа Л1 31 0 КФ 1 0 - - - - - - 32 0 2022-2023 Л1 22 1 КФ 3 0 ЛШ 4 0 - - - 29 1 2023-2024 ПЛ 24 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0+0 - - - - - - 26 0 авг.-јан. 2024 ПЛ 3 0 КП+ЛК 1+1 0+0 ЛШ 2 0 - - - 7 0 јан.-јун. 2025 БЛ 0 0 КГ 0 0 - - - - - - 0 0 Вкупно во кариерата 112 1 10 0 6 0 - - 128 1

Наводи

Надворешни врски

Иса Каборе на soccerway Иса Каборе на transfermarkt Иса Каборе на espn Иса Каборе на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Буркина Фасо Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Сити Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј Категорија:Фудбалери на ФК Лутон Таун Категорија:Фудбалери на ФК Бенфика Категорија:Фудбалери на ФК Вердер Бремен Категорија:Родени во 2001 година