мини|234x234пкс|Ударна игла на пиштолот Para Ordnance P16-40 Ударна игла () или ударник — клучна компонента на механизмот за пукање на огнено оружје, одговорна за започнување на низата на пукање што води до празнење на патронот. Сместена во огненото оружје, ударната игла удира во капислата сместена во основата на патронот, запалувајќи го барутот и придвижувајќи го куршумот надвор од цевката.
Во терминологијата за огнено оружје, ударната игла е особена вид ударна игла што се одликува по своето дејство. За разлика од традиционалните ударни игли, кои обично се затегнати со петле за да се создаде потребната ударна сила, ударната игла се потпира на механизам со збиена пружина. Оваа пружина врши притисок непосредно на ударната игла, складирајќи ја енергијата што се ослободува при задејствувањето, предизвикувајќи ударникот да удри врз капислата со доволна сила за да започне низата на пукање. Оваа градба нуди предности во едноставноста и доверливоста, што го прави популарен избор кај многу современи огнени оружја.
Наводи
Надворешни врски
Firing pin
Категорија:Огнено оружје