Бернард Херман (англиски: Bernard Herrmann; роден Максимилијан Херман; 29 јуни 1911 24 декември 1975) бил американски композитор и диригент, а најпознат е по компонирање на музика за филм. Се смета за еден од најдобрите филмски композитори.
Бернард Херман добил Оскар за „Ѓаволот и Даниел Вебстер“ (1941), а познат е по неговата соработка со Алфред Хичкок за кого ја компонирал музиката за филмските класици: „Човекот кој знаеше премногу“ (1956), Вертиго (1958), Север-северозапад (1959), Психо (1960), Птици (1963) (како „консултант за звук“) и Марни (1964). Негова прва филмска музика била за првиот филм од Орсон Велс, Граѓанинот Кејн (1941). Други филмови за кој компонирал музика се: Џејн Ер (1943), Ана и кралот на Сијам (1946), Духот и госпоѓа Муир (1947), Денот кога земјата застана (1951), Кејп Фиар (1962), Фаренхајт 451 (1966) и Twisted Nerve (1968). Херман напишал музика за филмови кои биле инспирирани од Хичкок, како: „ Невестата носеше црно“ од Франсоа Трифо (1968) и „Сестри“ од Брајан Де Палма (1972) и „ Опсесија“ (1976). Компонирал музика за неколку фантастични филмови од Реј Харихаузен и компонирал за тв-серии, вклучувајќи ги Have Gun – Will Travel и Зона на самракот од Род Серлинг. Негово последно дело, снимено непосредно пред неговата смрт, било за „Таксист“ од Мартин Скорсезе (1976).
Наводи
Надворешни врски
Здружение Бернард Херман
Имотот Бернард Херман
Некролог во списанието Грамофон
Бернард Херман на Soundtrackguide.net Дискографија Bernard Herrmann Копилето на Пучини во филмски партитури месечно Бернард Херман: Рани години во списанието Саундтрак Бернард Херман дела на Универзитетот во Калифорнија, библиотека Санта Барбара . Радио документарен филм Бернард Херман: Прослава на неговиот живот и музика од 1988 година
Категорија:Починати во 1975 година Категорија:Родени во 1911 година Категорија:Американски оперски композитори Категорија:Композитори на класична музика од 20 век Категорија:Американски филмски композитори Категорија:Американски композитори на класична музика Категорија:Добитници на Оскар