Стојан (Танчо) Филипов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис Филипов е роден во селото Обаја, Валовишко во 1892 година, тогаш во Османлиското Царство. Стапил во ВМРО по што бил избран за петрички околиски војвода. Во јули 1924 г. бил делегат на Струмичкиот окружен конгрес на организацијатаПърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 77. каде заедно со Атанас Ансаров е избран за советник во окружниот комитет.Пърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 80.Пърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 17-18.

Во периодот на Горноџумајските случувања во есента 1924 година бил личен телохранител на Алеко Василев, заедно со Ангел Коларов, Тома Ружкин и Нашко Елшански. Загинува во периодот на Горноџумајските случувања во истата 1924 г.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски преселници во Петрич