АТП Ешторил 2024 – поединечно бил тениски турнир од АТП серијата 250, кој се одиграл во Ешторил, Португалија, како дел од тениската сезона 2024 од 1 до 7 април 2024.
Во финалето на ова издание, Хуберт Хуркач го победил Педро Мартинес со 6–3, 6–4, со што ја освоил својата прва титула во Ешторил и вкупно 8-ма АТП титула во кариерата. Исто така, за Хуркач ова била првата титула на земјена подлога во кариерата, со што станал првиот полјак кој освоил титула на оваа подлога на некој АТП турнир уште од Војчех Стучлик во 1981 година.
Овој турнир бил последениот во кариерата за домашниот тенисер и некогашниот топ 30 играч, Жоао Соуса. Тој загубил во првото коло од Артур Фис, и на тој начин ја завршил својата тениска кариера.
Носители Првите четворица носители биле слободни во првото коло и директно се пласирале во второто.
Каспер Руд Хуберт Хуркач (победник) Лоренцо Музети Алехандро Давидович Фокина (се повлекол) Артур Фис Миомир Кецмановиќ Гаел Монфис Доминик Кепфер
Жреб
Завршница на турнирот
Горна половина на жребот
Долна половина на жребот
Наводи
Надворешни врски Главен жреб Квалификациски жреб
2024 Ешторил