Дејан Ѓорѓевиќ (, ) – македонски универзитетски професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Животопис Дејан Ѓорѓевиќ е роден во Скопје во 1967 година. На Електротехничкиот факултет во Скопје дипломирал во 1992 година, магистрирал во 1997, а докторирал во 2004 година. На факултетот, тој се вработил веднаш по дипломирањето како помлад асистент, напредувал во доцент во 2004 и вонреден професор во 2009 година. Во еден мандат бил продекан за настава на ФЕИТ. Со основањето на ФИНКИ преминал на овој факултет и станал редовен професор во 2014 година.

Одговорен е за 6 предмети на додипломски и четири предмети на магистерски студии. Автор е на преку 70 научни и стручни трудови објавени на домашни и меѓународни конференции и списанија. Учествувал во десетина апликативно истражувачки мултилатерални и билатерални проекти со повеќе универзитети од Европската унија. Член е на IEEE од 1991 и на ACM од 1997 година. Полињата на неговиот научно-истражувачки интерес вклучуваат: препознавање на облици, софтверско инженерство, машинско учење и напредни веб технологии.

Наводи

Категорија:Професори на ФЕИТ Категорија:Професори на ФИНКИ Категорија:Македонски универзитетски професори