мини|366x366пкс| Горнодебарски срез во рамките на Кралството Србија 1913 Горнодебарски Срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија и Кралството Југославија.

Организација и население Кралство Србија После Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Горнодебарскиот Срез припаѓал на Охридскиот Округ, заедно со Струшкиот и Охридскиот Срез. Како центар на срезот бил градот Дебар. Во 1913 година тој има 8 општини, со 38 села, 2 селца, еден град и немало манастири. Градското населние изнесувало 10.199, додека селското население изнесувало 15.182 жители. +Горнодебарскиот срез според пописот од 1913 годинаБројИме на општинатаБрој на селаКолку часови е оддалечена општината од ДебарЖители1Бањиштенска62:306582Горњо-жупска5330853Дебарска//10.1994Доњо-жупска11431395Дримколска5527936Рајчинска63:1517177Осојска3417768Селачка42:302014

Кралство СХС Во 1921 година, срезот имал 6 општини и еден град. Градот Дебар имал 7.125 жители, а горнодебарската околина имала 7.824 жители.

Јазик Во градот Дебар 42% од населението говорело српски или хрватски, додека 57% говореле на арнаутски . Од другата страна пак, во рамките на целиот срез, 58% говореле на српски или хрватски, а втор најкористен јазик бил арнаутскиот (28%), а по него бил турскиот јазик со 13% од населението. +Јазици 1921 годинаЈазикРурален делУрбан делВкупно%Српски или хрватски56542982863658Арнаутски1664077424328Турски200416202013Други050500.3

Религија Во градот Дебар 38% од населението било православно, додека 61% биле муслимани. Од другата страна пак, во рамките на целиот срез, 40% биле православни и 59% биле муслимани.http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf +Религија 1921 годинаРелигијаРурален делУрбан делВкупно%Православни32632683594640Муслимани45614337889859Други01051050.7

Кралство Југославија Во 1931 година, Горнодебарскиот Срез имал 5 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска Бановина. Вкупното градско население изнесувало 7.198, додека селското население изнесувало 9.098. Целиот срез имал 16.296 жители. Како православни се изјасниле 41% од жителите, додека како муслимани 56%.http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf

62% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки, додека 26% говореле на арнаутски.

Наводи

Категорија:Срезови во Кралството Југославија Категорија:Македонија под српска власт Категорија:Историја на Дебар