Дејзи Џонс енд Д сикс е роман од жанрот историска фикција на американската авторка Тејлор Џенкинс Рејд, првично објавен на 5 март 2019 година од Балантајн Букс. Во овој роман се раскажува приказната за бенд од 1970-тите каде секој од членовите дава поединечно интервју до моментот на нивното нивното последно шоу и последователно распаѓање како бенд. Делумно е инспириран од Флитвуд Мек и снимањето на нивниот албум Гласини од 1977 година.
Структура на романот Дејзи Џонс енд Д сикс е напишана во формат на усна историја, а водечката сила на романот се интервјуа со членовите на бендот. Дополнително,содежи релевантна е-пошта, текстови на песни и транскрипти. Секој дел е поделен според години кои содржат критични настани за успехот на бендот и конечно до нивното распаѓање.
Заплет Романот започнува со репортер, непознат за читателот, кој собрал видео интервјуа од бендот, како и снимки кои семејството и пријателите ги направиле низ годините, транскрипти од интервјуа, текстови од книги напишани за бендот и други релевантни извори, со цел да открие како еден бенд успешен како Дејзи Џонс енд Д сикс се распаднал.
Заднина Овој роман бил делумно инспириран од Флитвуд Мек и романсата помеѓу Стиви Никс и Линдзи Бакингем. Рејд бсе инспирирала откако гледала изведба на Флитвуд Мек од 1997 година на MTV. Сметала дека се уште се заедно откако видела како се гледаат. „[Ми] изгледаше толку многу како двајца заљубени луѓе. А сепак, никогаш нема вистински да дознаеме што било меѓу нив. Сакав да напишам приказна за тоа, за тоа како границите помеѓу реалниот живот и перформансот може да се заматат, за тоа како пеењето за старите рани може да ги одржува тие рани свежи“.
Изданија
Романот Дејзи Џонс енд Д сикс бил издаден во тврд повез на 5 март 2019 година, од Балантајн Букс. До 2023 година, тој бил достапен во мек повез,како аудиокнига, Киндл (електронско издание), и како ТВ-врзано издание. Дејзи Џонс енд Д сикс е исто така преведена на шпански, португалски, германски, француски, полски, дански, италијански, турски, холандски, бугарски, литвански, чешки, шведски, фински, романски, српски, хрватски, хебрејски, руски, унгарски, словачки, грчки, словенечки, естонски, норвешки и латвиски.
На македонски бил издаден во 2020 година од издавачката куќа Арс Ламина.
Прием Книгата добила позитивни критики. „Њујорк тајмс“ ја нарече „најсофистицираниот и најамбициозен роман на Рејд“.
Телевизиска адаптација На 25 јули 2019 година, било објавено дека студиото Амазон нарачало минисерија базирана на романот. Серијата ја напишал Скот Нојстадер и Мајкл Х. Вебер, а била продуцирана со Рис Витерспун и самата Рејд заедно со студиото Амазон. Серијата се снимала од септември 2021 до мај 2022 година, а премиерно била прикажана на Amazon Prime Video на 3 март 2023 година.
Најголемата промена е што шоуто се ослободи од еден од членовите на бендот - така што Д сикс (шестeмина) беа претставени како петте членови на бендот и Камила. Нојстадер рекол дека причина за ова е сите ликови да се обработат и споредните ликови да имаат поголема приказна. Поради ова, приказната на Симон - која игра прилично мала улога во книгата - добива повеќе детали. Во книгата се споменува дека се омажила па се развела, а во шоуто таа има партнерка во поголемиот дел. Дополнително, во шоуто гледаме повеќе од животот на Камила кој не е фокусиран на Били. Друга голема промена е романсата помеѓу Били и Дејзи. Додека во книгата, нивната врска е очигледна но не ја преминува платонската граница, во серијата тие споделуваат два бакнежи.
Наводи
Категорија:Американска книжевност