Ложишта или Ложиште (, Месолофос; до 1927 г. Λοζίστα, Лозиста) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот Округ, Грција. Било населено со Турци.
Географиja Селото се наоѓало на десниот брег на Бутковското Езеро.
Историја Во Отоманското Царство Од името на селото се гледа дека тоа некогаш било македонско.
Во XIX век Ложишта било турско село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ложица (Lojitsa) било село со 62 домаќинства сочинети од 148 жители муслимани.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ложиште живееле 400 Турци.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Поради војната, таа година Ложишта имало само 63 жители, но во 1920 г. населението пораснало на 169 лица. Во 1924 г. населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово място се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. селото е претставено како наполно дојденско со 121 лице (39 семејства).
Во 1940 г. во Ложишта живееле 148 жители. Настрадало во Втората светска и Граѓанската војна, и повеќе не било обновено.
Наводи
Категорија:Историски села во Синтика