Свети Теодор Стратилат () — црква во селото Мавронорес, Гребенско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гребенската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата претставува парохиски и гробишен храм на селото. Подигната била во 1806 г. од Георгиос Зјакас. Храмот настрадал за време на окупацијата на Грција во Втората светска војна поради напад од германски сили.

Во 1969 г. црквата била прогласена за заштитен културен споменик.

Поврзано

Гребенска епархија

Наводи

Категорија:Цркви во Гребен (општина) Категорија:Цркви во Гребенската епархија Категорија:Споменици на културата во Гребен (општина)