Данко Глигор Дафков ( во — во )— македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите деца во Масакрот во Ваташа.

Животопис Потекнувал од земјоделско семејство, а и самиот активно им помагал на своите родители во извршувањето на земјоделските работи. Во редовите на напредното македонско и антифашистичко движење се вклучил уште во 1941 година. Заедно со своите другари бил ангажиран во сместувањето и обезбедување со храна на борците од велешкиот партизански одред „Димитар Влахов”. Тој активно соработувал со напредните ваташки младинци во прибирање на оружје, храна и муниција за борците од одредот „Добри Даскалов”.

Масакрот на ваташките деца За време на јунската офанзива рано утрото на 16 јуни 1943 година е уапсен заедно со уште петнаесет младинци и младинки од селото Ваташа.

Истиот ден во месноста "Моклиште" сите дванаесет младинци се стрелани, а нивните безживотни тела на најгрозоморен начин биле масакрирани, од страна на бугарскиот фашистички окупатор.

Поврзано

Масакр во Ваташа

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Масакри врз Македонци Категорија:Масакри во Македонија