Ерик Јанжа (роден на година, во Мурска Собота) — словенечки фудбалер, играч од одбраната на Гурник Забже и на словенечката репрезентација.
Клупска кариера Јанжа ја започна својата сениорска кариера со екипата на Мура 05 во 2010 година. Во сезоната 2012-2013, со клубот стигнал до плејоф рундата во Лигата на Европа, каде што Мура била елиминирана од Лацио. Во јануари 2013 година, тој се приклучил на екипата на Домжале, а од таму во Марибор во јануари 2015 година, со кој ги освоил и своите први трофеи во кариерата, во словенечкото првенство и Купот на Словенија.
Во јануари 2017 година, Јанжа се преселил во странство правејќи трансфер во чешкиот клуб Викторија Плзењ, но откако играл многу малку во првиот дел на сезоната, последоватлено бил позајмен на кипарскиот клуб Пафос. Во јули 2018, потпишал за хрватскиот Осиек, каде одиграл една сезона забележувајќи 19 настапи во хрватското првенство без постигнат гол.
На 28 јуни 2019 година, тој потпишал двегодишен договор со полскиот клуб, Гурник Забже. Дебитирал во полската Екстракласа на 22 јули, во ремито 1-1 на гостувањето кај Висла Плок. На 21 ноември 2021 година, тој го постигнал својот прв гол за клубот во победата со 3–2 над Легија Варшава. Пред почетокот на сезоната 2022-2023, тој бил назначен за капитен на клубот. На 15 јуни 2024 година, Јанжа го продолжил договорот со Гурник Забже до 2026 година.
Репрезентативна кариера Јанжа ја претставувал Словенија во младинските селекции од под 16 години до под 21 година.
Тој го направил своето деби за сениорската репрезентација на 18 ноември 2014 година, во поразот со 1–0 во пријателски натпревар против Колумбија. На 14 октомври 2023 година, тој го постигнал својот прв гол во дресот со државниот грб во победата со 3–0 над Финска во квалификациите за Европското првенство 2024.
Откако Словенија се квалификувала за Европското првенство 2024 во Германија, Јанжа бил повикан во составот од 26 играчи кои ја претставувале земјата на турнирот. Во воведниот натпревар од групата Ц, Јанжа го постигнал израмнувачкиот гол за Словенија во ремито 1-1 против Данска, што бил првиот гол на земјата на Европското првенство уште од нивното последно учество пред 24 години.
Титули Клупски Марибор Словенечко првенство: 1 2014-2015
Куп на Словенија: 1 2015-2016
Наводи
Надворешни врски
Ерик Јанжа на soccerway Ерик Јанжа на transfermarkt Ерик Јанжа на ESPN Ерик Јанжа на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Марибор Категорија:Фудбалери на ФК Осиек Категорија:Фудбалери на ФК Гурник Забже Категорија:Словенечки фудбалери