Тими Макс Елшник (роден на година, во Птуј) — словенечки фудбалер, играч од средниот ред на Црвена ѕвезда и на словенечката репрезентација.

Клупска кариера Израснат во младинскиот сектор на Алуминиј, на рана возраст, во 2015 година тој бил купен од англискиот клуб , за кој првично играл за младинските екипи под 18 и под 21 година. На крајот од сезоната 2015-2016, тој бил прогласен за "стипендист на годината" во клубот. Набргу по потпишувањето на нов тригодишен договор со клубот во август 2016 година, тој го направил своето деби за првиот тим, влегувајќи како замена против Карлајл Јунајтед во Лига купот, реализирајќи два пати од белата точка во изведувањето на пеналите по кое Дарби бил поуспешен.

Од август 2017 години, Елшник започнува да оди на позајмици: првата му била во Свиндон Таун, во четвтрото ниво на англискиот фудбал, каде го постигнал и својот прв гол во професионалната кариера во ремито 2-2 на домашен терен против Честерфилд на 11 ноември 2017. Потоа, за следната сезона 2018-2019, тој бил позајмен на друг клуб од истата дивизија, Мансфилд Таун, но откако во јануари 2019 неговата позајмица била прекината, истиот месец тој бил позајмен на Нортхемптон Таун каде ја завршил сезоната со вкупно 28 настапи и 4 гола во Лига Два.

Во јули 2019 година, откако неговиот договор со Дарби Каунти истекол, Елшник станал слободен играч. Во јануари 2020 година, се вратил во татковината каде потпишал за Олимпија Љубљана. Со Олимпија го освоил словенечкото првенство во сезоната 2022-2023 и двапати Купот на Словенија (2020-2021 и 2022-2023).

На 29 јули 2024, Елшник потпишал четиригодишен договор со екипата на Црвенa ѕвезда.

Репрезентативна кариера Елшник ја претставувал Словенија во младинските селекции под 17 години, под 18 години, под 19 и под 21 година. Со последната, тој учествувал на Европското првенство 2021, на која неговата земја била домаќин, забележувајќи еден настап на 24 март во натпреварот од групната фаза против Шпанија.

На 28 септември 2021 година, тој бил повикан за прв пат во сениорската репрезентација од словенечкиот селектор Матјаж Кек. Дебитирал на 8 октомври, заменувајќи го Јасмин Куртиќ во натпреварот добиен со 0-4 против . На 26 март 2024 година, тој го постигнал својот прв гол за словенечката селекција во победата со 2-0 во пријателскиот натпревар против .

Во јуни 2024, Елшник бил вклучен од селекторот Кек во списокот од 26 игачи кои ја претставувале земјата на Европското првенство 2024. Своето деби на турнирот во Германија го имал во првиот натпревар од групата против (1-1). Во следниот натпревар против , кој завршил со идентичен резултат 1-1, Елшник му асистирал на Жан Карничник за голот за водство на Словенија.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Статистиката е ажурирана на 24 март 2021.

Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2016-2017 ФЛЧ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - - 2 0 2017-јан. 2018 ФЛЧ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - 1 0 јан.-јун. 2018 ФЛ2 22 3 ФАКуп+ЛК 1+0 2+0 - - ТФЛ 2 0 25 5 2018-јан. 2019 ФЛ2 19 3 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - ТФЛ 4 1 24 4 јан.-јун. 2019 ФЛ2 9 1 ФАКуп+ЛК 0 0 - - ТФЛ 0 0 9 1 јан.-јун. 2020 Олимпија Љубљана 1.СНЛ 11 3 КС 0 0 - - - - 11 3 2020-2021 1.СНЛ 31 3 КС 2 1 ЛЕ 2Во квалификациските кола 0 - - 35 4 2021-2022 1.СНЛ 21 1 КС 1 0 ЛК 4 0 - - 26 1 2022-2023 1.СНЛ 33 7 КС 4 2 ЛК 3 0 - - 40 9Вкупно Олимпија Љубљана 96 14 7 3 9 0 - - 112 17Вкупно во кариерата 146 21 12 5 9 0 6 1 173 27

Титули Клупски Олимпија Љубљана Словенечко првенство: 1 2022-2023

Куп на Словенија: 2 2020-2021, 2022-2023

Наводи

Надворешни врски

Тими Макс Елшник на soccerway Тими Макс Елшник на transfermarkt Тими Макс Елшник на ESPN Тими Макс Елшник на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Дарби Каунти Категорија:Фудбалери на ФК Олимпија Љубљана Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Словенечки фудбалери