Васил Дубров ( во — во ) — спортски работник, член на Соколското друштво од Кавадарци.

Животопис Потекнувал од имотно и угледно трговско семејство. Основното образование го завршил во Ваташа, а Граѓанска школа во Кавадарци. По нејзиното завршување заминал во Велес каде ги завршл петти и шести клас гимназија. Тој бил еден од основачите на Соколското друштво во Кавадарци и еден од неговите најуспешни спортисти. Во пролетта 1931 година на поединечното првенство на Скопска жупа (Вардарска Бановина), во конкуренција на 11 соколски друштва од Македонија во дисциплината вежби на справи (вратило и разбој) и лесна атлетика ( трчање на 100 м., фрлање на копје и фрлање на ѓуле), Васил Дубров го освоил второто место. Во летото 1932 година како најдобар натпреварувач на соколското друштво од Кавадарци, учествувал на големиот атлетски слет во Прага, каде се стекнал со големо натпреварувачко искуство, како и знаење за уште поголем развој на овој спорт во Кавадарци. Истата година во Гевгелија ги потврдил своите вредности во гимнастичките вештини и знаења.

Од 1936 година Васил е наставник по физичко воспитување, а во исто време и началник на соколското друштво во Кавадарци. Непосредно пред војната во јануари 1941 година Васил Дубров со поголема група кавадарчани е интерниран во логорот Меѓуречие во Ивањица. Во март истата година е ослободен, а непосредно пред војната бил мобилизиран и испратен со својата единица во Штип. Загинал како последица на бомбардирањето на германските авиони во почетокот на април 1941 година.

Една улица во Кавадарци го носи токму неговото име.

Поврзано

Соколско друштво - Кавадарци

Наводи

Категорија:Учители Категорија:Соколски спорт

Надворешни врски

100 години од раѓањето на Васил Дубров