Владимир „Владо“ Батагељ (, ) — словенечки математичар и компјутерски програмер.

Батагељ докторирал по теорија на графови во 1986 година на Универзитетот во Љубљана под менторство на Томаж Писански. Како редовен професор, тој предавал на Факултетот за математика и физика во Љубљана и Факултетот за компјутерство и информатика во Љубљана.

Се занимава со анализа на податоци и дискретна математика.

По пензионирањето е назначен за почесен професор на Универзитетот во Љубљана (2015).

Во 2020 година, станал почесен член на Друштво на математичарите, физичарите и астрономите на Словенија.

Во 2011 година ја добил Наградата за животно дело „Доналд Мичи и Алан Тјуринг“.

Наводи

Надворешни врски Владимир Батагељ - Владо - лично семрежно место

Категорија:Словенечки математичари