Адам Гнезда Черин (роден на година, во Постојна) — словенечки фудбалер, играч од средниот ред на Панатинаикос и на словенечката репрезентација.
Клупска кариера Гнезда Черин ја започнал кариерата во екипата на Домжале. После две години, во кои запишал 65 натпревари и 10 голови за Домжале, тој ја напуштил татковината и потпишал за германскиот клуб Нирнберг. Своето деби во Втората Бундеслига го направил на 21 септември 2019, влегувајќи од клупата на местото на Хано Беренс, во ремито 1-1 на домашен терен против Карлсруе. Поради слабата минутажа во Нирнберг, забележувајќи само 5 настапи во текот на сезоната 2019-2020, тој заминал на двегодишенна позајмица во хрватската Риека каде одиграл 73 натпревари и постигнал 3 гола.
На 2 јули 2022 година, Панатинаикос го купил Гнезда Черин од Нирнберг за €700,000, а играчот се согласил да потпише четиригодишен договор. Дебитирал за атинскиот гигант на 4 август 2022, во поразот со 2-0 од Славија Прага во третото квалификациско коло од УЕФА Лигата на конференции. Своето деби во грчкото првенство го направил на 21 август 2022, во победата со 1-0 на домашен терен над Јоникос. Својот прв гол во дресот на Панатинаикос го постигнал на 29 октомври 2022, во победата со 5-1 на гостувањето кај Волос.
Репрезентативна кариера Откако настапувал за младите словенечки селекции под 17 и под 19 години, на 11 септември 2018 година, тој го направил своето деби за словенечката репрезентација под 21 година во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2019, во кој го победиле Казахстан со 2-1.Slovenia U21-Kazakistan U21 2-1 transfermarkt.it
За сениорската репрезентација дебитирал на 11 ноември 2020 година, во пријателски натпревар против Азербејџан кој завршил 0-0. Својот прв репрезентативен гол го постигнал на 14 ноември 2021 година, во победата со 2-1 против Кипар, во натпревар од квалификациите за Светско првенство 2022.
Во јуни 2024, бил избран во списокот од 26 играчи кој ја претставувале Словенија на Европското првенство 2024 во Германија. Тој играл од почеток до крај во сите четири натпревари на својата земја, која германската авантура ја завршила во осминафиналето по поразот на пенали од во Франкфурт, откако по 120 минути игра немало постигнат гол (0-0).
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статитиката е ажурирана на 21 мај 2022.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2017-2018 Домжале 1.СНЛ 11 0 КС 0 0 ЛЕ 2Во квалификациските кола. 0 - - - 13 0 2018-2019 1.СНЛ 35 7 КС 2 1 ЛЕ 4 0 - - - 41 8 јул.-сеп. 2019 1.СНЛ 7 0 - - - ЛЕ 4 1 - - - 11 1Вкупно Домжале 53 7 2 1 10 1 - - 65 9 сеп. 2019-2020 2Б 5 0 - - - - - - - - - 5 0 2020-2021 1.ХНЛ 28 1 КХ 3 0 ЛЕ 52 настапи во квалификациските кола. 0 - - - 36 1 2021-2022 1.ХНЛ 30 2 КХ 3 0 ЛК 4 0 - - - 37 2Вкупно Риека 58 3 6 0 9 0 - - 73 3 2022-2023 СЛ 34 1 КГ 4 3 ЛК 2 0 - - - 40 4 2023-2024 СЛ 26 3 КГ 4 0 ЛШ+ЛЕ 4+6 0 - - - 40 3Вкупно Панатинаикос 60 4 8 3 12 0 - - 80 7Вкупно во кариерата 176 14 16 4 31 1 - - 223 19
Титули Клупски Панатинаикос Куп на Грција: 1 2023-2024
Наводи
Надворешни врски
Адам Гнезда Черин на soccerway Адам Гнезда Черин на transfermarkt Адам Гнезда Черин на ESPN Адам Гнезда Черин на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Нирнберг Категорија:Фудбалери на ФК Риека Категорија:Фудбалери на ФК Панатинаикос Категорија:Словенечки фудбалери