мини|235x235пкс|Соба на загатки во Франција Соба на загатки, соба со загатки или соба за бегство () — умствена игра во која играчите се затворени во соба од која мораат да избегаат во одреден временски рок со наоѓање предмети и решавање загатки. Некои членови на жанрот, исто така, вклучуваат детективски или друг заплет за внесување на играчите во единствена атмосфера.
Собите на загатките се развивале паралелно во Европа и Азија. Собите на загатките постојат во Јапонија, Хонгконг и Кина од 2007 г. Постојат соби на загатки и во Македонија.
Овој вид игра е вдахнат од видео/електронските игри од видот „escape the room“, каде играчот е заклучен во соба и мора да ја истражува околината за да најде начин да избега. Различни криминални и авантуристички филмови и книги, како и други друштвени игри се исто така вдахновение. Поединечните соби на загатки се одликуваат со разновидни теми и можат да се сместат во различни историски епохи и опкружувања.
Наводи
Надворешни врски
Соба со загатки во Македонија
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Групни игри Категорија:Игри