Симон Банза (роден на 13 август 1996, во Креј) е конгоански фудбалер, напаѓач на Брага и на репрезентацијата на ДР Конго.

Клупска кариера Роден во Креј, Франција, од родители со конгоанско потекло, Банза ја започнал својата кариера во екипата на Ланс, играјќи за резервниот тим во четвртото ниво на францускиот фудбал.

Во есентта 2015 година, започнал да тренира со првиот тим, со кој го имал своето деби во натпреварот од Лига 2 против Ниор што завршил нерешено 1-1. Откако трајно бил промовиран, на 6 мај 2016 година го постигнал својот прв професионален гол, во поразот со 2-1 од Бурж-ан-Брес.

Во јануари 2017 година, Банза бил позајмен на Безје, клуб од третото ниво до крајот на сезоната. Во август истата година, тој заминал на нова позајмица, овојпат во луксембуршкиот УТ Петанж. Тој бил шестти стрелец во сезоната со 13 гола, а постигнал еден хет-трик во победата на домашен терен со 4–1 над Еш на 15 април 2018 година.

За сезоната 2018-2019, Банза се вратил во Ланс, а на 24 мај 2019 година, го постигнал победничкиот гол во продолжението за победата со 2–1 над Троа во реваншот од полуфиналето на плејофот.

Следната сезона, тој постигнал седум гола кога Ланс изборил промоција како второпласиран, вклучително и два на 3 декември 2019 година во победата од 3–0 на домашен терен над Шамбли. Во сезоната 2020-2021 во Лига 1, Банза постигнал 5 гола на 34 настапи, последниот од пенал во победата со 4-1 над Лорјан на 11 април 2021.

На 31 август 2021, Банза се преселил во на позајмица до крајот на сезоната 2021-2022. На своето деби во Примеира лига 12 дена подоцна, тој постигнал два гола во ремито 2–2 против Мореиренсе; Сезоната ја завршил како најдобар стрелец на тимот и седми во лигата со 14 гола во 29 натпревари, вклучително и двата во последното коло во победата од 3–2 остварена со пресврт на домашен терен против над соседите Брага со која му обезбедил на тимот завршница во горниот дел на табелата.

На 19 јули 2022 година, Банза потпишал петгодишен договор со Брага за надомест од 3 милиони евра, во кој била вклучена и откупна клаузула од 30 милиони евра. Своето деби со Брага го направил на 7 август, на отворањето на сезоната во натпреварот на домашен терен против Спортинг Лисабон, постигнувајќи го првиот гол за неговиот клуб во ремито 3–3; пет дена подоцна, тој додал уште два гола во победата за 3-0 при неговото враќање во Фамаликао. На 15 септември, дебитирал во европските натпреварувања, играјќи 70 минути како стартер во победата со 1-0 над во Лига Европа.

Во сезоната 2023–2024, тој успеал да постигне 21 гол во Примеира лигата, израмнувајќи се по бројот на погодоци со најдобриот стрелец на Брага во рамките на една сезона, Чико Гордо од сезоната 1977–1978. Покрај тоа, тој бил втор најдобар стрелец во првенството зад Виктор Ѓекереш од Спортинг Лисабон.

Репрезентативна кариера Иако е роден и живеел во Франција, Банза имал право да игра за ДР Конго, преку потеклото на неговите родители.

На 2 октомври 2023, бил повикан во репрезентацијата на ДР Конго за неколку пријателски натпревари, а своето деби го направил 11 дена подоцна во ремито 1-1 против Нов Зеланд во Мурсија.

Во јануари 2024, бил повикан во составот на ДР Конго за Африканскиот куп на нации 2023 во Брегот на Слоновата Коска.

Хронологија на репрезентативните настапи

Титули Брага Лига куп на Португалија : 1 2023-2024

Наводи

Надворешни врски

Симон Банза на soccerway Симон Банза на transfermarkt Симон Банза на espn Симон Банза на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од ДР Конго Категорија:Фудбалери на ФК Ланс Категорија:Фудбалери на ФК Фамаликао Категорија:Фудбалери на ФК Брага Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026