Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Жабени; скратено: ПООУ „Крсте Петков Мисирков“) — подрачно основно училиште во селото Жабени, претставува единка на истоименото училиште од селото Бистрица, Општина Битола.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски филолог Крсте Петков Мисирков.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Жабени.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува на албански наставен јазик, додека во минатото таа се изведувала на македонски наставен јазик.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Битола Жабени Категорија:Жабени