мини|десно|Еарендел сликан од „Хабл“ WHL0137-LS, наречена Еарендел — ѕвезда во соѕвездието Кит откриена во 2022 г. од вселенскиот телескоп „Хабл“. Претставува најоддалечената ѕвезда позната за науката, на растојание од 28 милијарди светлосни години од Земјата. Ѕвездите како Еарендел се гледаат на космолошки растојанија благодарение на големото увеличување при гравитациско закривување на светлината (гравитациска леќа), кое знае да надмине 1.000 пати.

Набљудување Откривањето на Еарендел by вселенскиот телескоп „Хабл“ е објавено на 30 март 2022 г. Ѕвездат абила забележлива заради гравитациското закривување предизвикано од присуството на галактичкото јато WHL0137-08 помеѓу ѕвездата и Земјата, сосредоточувајќи ја светлината на ѕвездата. Сметачките симулации покажуваат дека сјајност ана Еарендел била увеличена за 1.000 до 40.000 пати. „Хабл“ ја зафатил светлината на 7 јуни 2016, 17 јули 2016, 4 ноември 2019 и 27 ноември 2019 г.

Откривачите ѝ го дале прекарот Еарендел, според староанглиското име на ѕвездата Деница. Еарендил воедно е име на полувиленик од книгата „Силмарилион“ на Џ. Р. Р. Толкин, кој патувал по небото со сјаен скапоцен камен што изгледал како ѕвезда. Астрономот Мишел Талер од НАСА потврдила дека повикувањето на Толкиновиот лик е намерно. Матичната галаксија на ѕвездата е WHL0137-zD1, која го добила прекарот „Изгревен Лак“ (Sunrise Arc) бидејќи гравитациската леќа ја искривила нејзината светлина во облик на долг лак.

Предложени се понатамошни набљудувања од вселенските телескопи „Хабл“ и „Џејмс Веб“ за подобро да се утврдат особеностите на Еарендел. Со неговата поголема чувствителност, „Џејмс Веб“ овозможува анализа на ѕвездените спектри на ѕвездата и конечно да се заклучи дали станува збор за една ѕвезда или за двојка. Спектарската анализа ги го покажала присуството на елементи потешки од водород и хелиум, ако го има.

На 30 јули 2022 г. „Џејмс Веб“ направил слика од Еарендел во првиот потфат за нејзино снимање.

На 8 август 2023 г. се утврдени боите на Еарендел, и направена е слика со „Хабл“ и „Џејмс Веб“. Заклучено е дека Еарендел е „масивна ѕвезда од типот B преку двапати поврела од Сонцето и милион пати посјајна“. Близуинфрацрвената камера открила интересни поединости, меѓу кои и показатели за поладна и поцрвена ѕвезда-придружник. Ова откритие ни дава увид во далечното минато на вселената, во раните развојни фази на галаксиите.

Физички особености Светлината на Еарендел се излачила 900 милиони години по Големата експлозија. Ѕвездата има црвено поместување од , што значи дека светлината на Еарендел стасала на Земјата по 12,9 милијарди години. Поради ширењето на вселената, набљудуваната положба на ѕвездата денес е оддалечена 28 милијарди светлосни години од нас. Претходната најдалечна ѕвезда, наречена Икар, има црвено поместување од 1,49, и лежи на далечина од 14,4 милијарди години.

Ако се работи за една ѕвезда, Еарендел има температура од 13.000 – 16.000 K и сјајност од 631.000 – 3.981.000 , зависно од увеличувањето. Можно е Еарендел да не е само една ѕвезда бидејќи распределбата на спектарската енергија има силен Балмеров прекин, што е својствено за ѕвезди со тепмература под 13.000 K и син УВ-наклон присутен во ѕвезди со температури над 20.000 K. Можно е Еарендел да е двојна ѕвезда со две составници, каде едната е посјајна и многу поврела (34.000 K) од другата (9.000 K). Поради ограничените податоци, параметрите не се добро определени. Ако двете ѕвезди се во систем, може да имаат различни увеличувања, што ги прави параметрите уште понеизвесни.

Поврзано Список на најдалечни астрономски тела Список на ѕвезди во соѕвездието Кит

Наводи

Категорија:Кит (соѕвездие) Категорија:Сјајни сини променливи ѕвезди Категорија:Вонгалактички ѕвезди Категорија:Астрономски тела откриени во 2022 година