Бренда Меј Тарпли (англ. Brenda Mae Tarpley; родена на 11 декември 1944 година во Атланта, Џорџија), естрадно позната како Бренда Ли ― американска пејачка. Најчесто изведувала рокабили, поп, кантри и божиќна музика, а првиот хит на Билбордовите топ-листи го имала на 12-годишна возраст во 1957 година по што го добила прекарот „Малата госпоѓица Динамит“. Нејзини најуспешни песни се „Sweet Nothin's“, „I'm Sorry“, „I Want to Be Wanted“, „Sреak to Me Pretty“, „All Alone Am I“ и „Losing You“. Нејзината божиќна песна „Rockin' Around the Christmas Tree“, снимена во 1958 година, во 2023 година се искачила на врвот на американската топ-листа Billboard Hot 100, со што Ли станала најстар изведувач кој се искачил на врвот на топ-листата и соборила уште неколку рекорди на топ-листата.

Со продадени преку 100 милиони плочи, Ли е меѓу најуспешните американски музичари од 20 век. Ли била втора пејачка која се искачила на врвот на Billboard Hot 100 (пред неа тоа ѝ успеало само на Кони Френсис), тоа ѝ успеало со песната „I'm Sorry“ во 1960 година. Во 1960-тите била најуспешна музичарка на Билбордовите топ-листи и по бројот на синглови кои се пласирале на топ-листата за синглови била веднаш зад Елвис Присли, Битлси и Реј Чарлс. Освоила: Греми награда, четири NARM награди, три NME награди и пет награди „Едисон“. Таа била прва пејачка која била примена во Куќата на славата на кантри музиката и во Куќата на славните на рокенролот. Во 2023 година, Ролинг Стоун ја прогласил за една од најголемите пејачки на сите времиња.

Дискографија

Наводи

Надворешни врски

Brenda Lee at AllMusic Brenda Lee receiving Spotify award, December 2024 Brenda Lee recordings at the Discography of American Historical Recordings.

Категорија:Американски пејачки од 21 век Категорија:Американски пејачки од 20 век Категорија:Американски поп-пејачки Категорија:Американски кантри пејачки Категорија:Добитници на Греми за животно дело Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1944 година Категорија:Американски рок пејачи Категорија:Пејачи од Атланта Категорија:Американски рок-пејачки Категорија:Американски рокабили музичари Категорија:Американски кантри кантавтори