Радомир Лаловиќ (, ) — македонски архитект.

Животопис Радомир Лаловиќ е роден во 1933 година во Скопје. Во 1960 година, тој дипломирал на архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи на проектирање разновидни згради, станбени и општествени. Поистакнати проекти на Лаловиќ се: Комплексот банки во Скопје (завршен 1970 година, во соработка со Олга Папеш); Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп (1971); Комплексот банки и деловен центар и Стоковната куќа „Југохром“ во Струмица (1977); Основното училиште „Моша Пијаде“ (денес ОУ „Св. Кирил и Методиј“) во Кочани (1968).

Наводи

Категорија:Македонски архитекти Категорија:Југословенски архитекти Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“