Александар Г. Кожухарски или Кожухаров (Крива Паланка, 1867 — ?) — македонски лекар и револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, дел од првата генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија.

Животопис лево|мини|Првата генерација на воспитаници во Солунската гимназија во учебната 1885/86 год.Прв ред (учители): Г. Миндов, А. Кулев, Х. Димитров, К. Стателов, Ф. Сплитек, Г. Прличев, Г. Кандиларов, архимандрит К. Пречистански, ѓакон И. Пенчев, Г. Попов, П. Драганов, А. Дојкин, Ј. БуфетиВтор ред (воспитаници): Х. Нечев, Ј. Читкушев, Ј. Мирчев, И. Липошлиев, Д. Изов, Б. Кушев, Л. Тодев, Ј. Бомболов, Г. Стрезов, П. Мавродиев, А. Кожухарски Александар Кожухарски е роден во 1867 година во Крива Паланка, тогаш дел од Отоманското Царство. За неговото основно образование тој учи во неговиот роден град. Во 1880-тите се преселува во Солун за да го продолжи неговото образование во Солунската машка гимназија. Во 1886 година станува дел од првата генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија. За неговото факултетско образование Кожухарски се преселува во Киев за да учи во Киевскиот универзитет. Во 1894 година е дипломиран за медицина. После неговото образование тој се приклучува во Македонската револуционерна организација и учествува во нејзиното организирање во Ќустендил. Служи како главен лекар во тринаесетиот рилски пешадиски полк.

Наводи

Категорија:Луѓе од Крива Паланка Категорија:Родени во 1867 година Категорија:Македонски преселници во Ќустендил Категорија:Прва генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија Категорија:Македонски лекари Категорија:Отомански лекари Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на МРО