мини|Лого на Претседателството Полско претседавање со Советот на Европската Унија – период во кој Полска претседава со состаноците на Советот на Европската Унија. На 1 јануари 2025 година, Полска го презела претседавањето со Советот на Европската унија (ЕУ). Ова е второ полско претседателство и ќе се одвива во првите шест месеци на истата година.

Полска првпат претседавала со Советот на ЕУ во втората половина на 2011 година, заедно со Данска и Кипар, кога ја формирале претседавачката тројка.

Спроведувањето на функцијата Претседавач со Европската Унија е резултат на пристапувањето на Полска во ЕУ во 2004 година и е важна обврска која произлегува од статусот на земја-членка. Полското претседателство зазема место во првата половина на 2025 година, што е во согласност со редот утврден со едногласна одлука на Советот на Европската унија. Редоследот за извршување на оваа функција е донесен со Одлуката на Советот од 1 јануари 2007 година во врска со редоследот на Претседавач на Советот (2007/5/ЕЗ, Евроатом).

Полска претседателството го наследила од Унгарија на 1 јануари 2025 година. Следна е Данска почнувајќи од 1 јули 2025 година.

Лого Логото на Претседателството се сини букви „ЕУ“ низ која се протега полското знаме. Целината е надополнета со натпис „POLAND2025.eu“ од десната страна .

Задачи на земјата претседавач

Најважната задача е да претседава со работата на Советот на ЕУ и неговите помошни тела (комитети и работни групи) и да претседава со состаноците на Европскиот совет. Имплементацијата на оваа задача вклучува организирање на многу состаноци, во смисла на содржина и логистика, од различна природа, локација и ниво; Претставување на Советот пред другите институции на ЕУ, особено Европската комисија и Европскиот парламент; Претставување на Унијата во односите со трети земји и меѓународни организации, во соработка со Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија

Наводи

Категорија:Совет на Европската Унија