мини|Дана Ивги во улога на Ивона, во претставата „Ивона, принцезата од Бургундија“, Гешер театар, 2011 г. Ивона, принцезата на Бургунд - драма на полскиот писател Витолд Гомбрович објавена во 1938 година во месечникот „Скамандер“. Дваесет години подоцна била издадена и во форма на книга.
Светската премиера на драмата во режија на Халина Миколајска се одржала на 29 ноември 1957 година во Драмскиот театар во Варшава. Главната улога ја играла Барбара Крафтон.
Сиже на драмата Младата и неатрактивна Ивона се појавува во паркот заедно со двете тетки. Тие вербално ја напаѓаат и ги истакнуваат сите мани на девојката, кои не се однесуваат само на нејзиниот физички изглед. Во нивната околина се појавува принцот Филип заедно со неговите двајца пријатели, Кирил и Кипријан. Во непосредна близина е и Иза, дворска дама.
Принцот презаситен од неговите успеси во светот на љубовта, по кратко сослушување на поплаките на тетките, одлучува да се ожени со тивката, грда и од пониска класа Ивона. На незадоволството на присутните, особено на Кирил, тој одговара дека донел таква одлука, за да докаже дека не подлежи на прифатените социјални правила.
По некое време се појавуваат кралот Игнатиј со кралицата Маргарет и неколку дворјани. Кралот и кралицата се иритирани од однесувањето на принцот. Сепак, принцот не попушта и ја носи во кралскиот двор, кој е врвно институционален. Целото кралско семејство и дворјаните учествуваат во малтретирањето на Ивона: тие и викаат, се потсмеваат, ја навредуваат, а таа молчи. Во тој процес, се откриваат сите пороци што го мачат кралскиот двор: злобата, садизмот, преправањето, подлоста и лицемерието. Молкот на Ивона дополнително ги лути дворјаните, кои конечно ќе решат да ја убијат.
Интерпретации на делото
Ивона нема доблести, таа е глупава, грда, речиси никогаш не зборува, е предмет за исмејување и непријателство на сите [...] во нејзините ретки одговори само ни кажува дека е заробена во круг од кој нема излез. ( Лусиен Голдман, „Театарот на Гомбрович“ во: Гомбрович и критичарите, изд. З. Лапињски, Краков 1984 година)
Фантазијата на Гомбрович сигурно е потхранета со „ужасни... ужасни“ страсти, потиснувања и фрустрации [...] Ивона „само еднаш собира храброст да вресне и да дејствува, кога го брка својот – исто толку неуспешен – вереник, нарекувајќи го со сематичко име Невин. Што значи дека во Ивона има страшен сексапил! И таа самата чувствува силна страст! Со сето тоа, сè што во човечкото либидо е безоблично, хаотично, монструозно ... сонливо и диво во исто време... Она што не дозволува да се социјализира, обликува, стави во форма или ред. (Јан Блонски, Форма, смеа и конечни нешта. Студии за Гомбрович, Краков 1994)
(...) сите меѓусебно се создаваат и се преобразуваат само затоа што се гледаат, разговараат меѓу себе, се чувствуваат меѓусебно и мораат да заземат став. Каде што секој секому е лицемерен, секој несигурно се превртува пред погледот на другите, крие нешто, ги прикрива своите комплекси и глупави мисли, сè тоа срамно го крие. Онаму каде што апсурдноста на ситуацијата создадена од нејзиното тромаво присуство... Ивона збунета и тивка, ги предизвикува сите на реакција, на самоодбрана или агресија, а таа рекација повлекува последователни потези, сега неизбежни, иако сè поапсурдни. (Константи Пузина, „Семка“ во: Гомбрович и критичарите, изд. З. Лапињски, Краков 1984)
Во 2004 година, Зигмунт Краузе компонирал опера со ист наслов врз основа на драмата на Гомбрович.
Наводи
Категорија:Полски драми