Аркејн () — анимирана серија во жанрот авантуристичка фантазија заснована на вселената на играта League of Legends, создадена од американската компанија Riot Games. Анимираната серија била произведена од француското студио Fortiche под надзор на Riot Games и објавена на преносната услуга Netflix. Серијата била најавена за време на 10-годишнината на играта во 2019 г. Првата сезона се прикажувала од 6 ноември до 20 ноември 2021 г. Втората и последна сезона се прикажувала од 9 ноември до 23 ноември 2024 г.
Дејството се одвива во измислените градови Пилтовер и Заун во вселената на League of Legends. Заплетот ја раскажува приказната за две сестри, Вај и Џинкс, и силите што ги разделиле на различни страни од барикадите.
Содржина Серијата се сосредоточува на настани што се случуваат во два града: напредниот, утописки Пилтовер и запуштениот, потиснички Заун. И двата града се дел од светот на Рунтера, иако значително се разликуваат по други начини. Напнатоста меѓу градовите нагло се зголемила по создавањето на Хекстек (англ. Hextech), технологија што му овозможува на секој да управува магична енергија. Во тоа време, во Заун се појавува нова моќна дрога, Шимер (англ. Shimmer), која ги претвора луѓето во зависни чудовишта. Соперништвото што постои меѓу овие два града предизвикува непријателство меѓу луѓето, што понекогаш води до раздор меѓу блиските луѓе. Анимираната серија раскажува за односите на ликови како Вај, Џинкс, Кејтлин, Џејс, Виктор, Еко, Синџед, Хајмердингер и други.
Озвучување
|Хејли Стајнфелд |Вајолет / Вај |- |Ела Пернел |Паудер / Џинкс |- |Кевин Алехандро |Џејс Талис |- |Кејти Лоу |Кејтлин Кираман |- |Токс Олагундоје |Мел Медарда |- |Хари Лојд |Виктор |- |Џејсон Спајсак |Силко |- |Џеј-Би Бланк |Вандер |- |Рид Шенон |Еко |- |Мик Вингерт |Сесил Б. Хајмердингер |- |Елен Томас |Амбеса Медарда |- |Брет Такер |д-р Корин Ревек / Синџед |- |Амира Ван |Севика
Епизоди СезонаЕпизодиДатуми на објавувањеПочналаЗавршила196 ноември 202120 ноември 2021299 ноември 202423 ноември 2024
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Анимирани серии Категорија:Оригинални програми на Netflix