Групација ЕВН — производител и транспортер на електрична енергија со седиште во Австрија, еден од најголемите во Европа со над три милиони корисници во 14 земји. Компанијата исто така работи и во областа со третман на вода, снабдување со природен гас и управување со отпад. Таа е втората по големина компанија во Австрија.
(Брендот EVN бил воведен во почетокот на 1988, и е кратеница на Energie-Versorgung Niederösterreich, или Снабдување со енергија на Долна Австрија.)
Активности Во 2006, ЕВН Групацијата произвела околу 3.45 милијарди kWh главно од термоелектрани (68%) и обновливи извори на енергија (32%). ЕВН Групацијата исто така извршила дистрибуција на 19.2 милијарди kWh на електрична енергија во Австрија (37.9%), Бугарија (37.95%, преку ЕВН Бугарија) и Македонија (24.15%, преку ЕВН Македонија).
Сопственост Помалку од 14% од акциите на ЕВН Групацијата се слободни на Виенската берза, а 51% се во сопственост на државата Долна Австрија. Наводи
Надворешни врски
Vienna Stock Exchange: Market Data EVN AG
Категорија:Економија на Австрија