Веца Ѓоревска ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Од 1942 година учествувала во заднината на НОД во селото Никифорово. Изработувала топлa облека за борците на НОВ и ПОМ, а во својот дом чувала илегалци. Исто така подготвувала и храна за партизанскиот одред „Кораб“. По палењето на селото, таа останала и понатаму во Никифорово, а нејзиниот дом се претворил во база на V Областен Комитет на КПМ, од каде се дотурала храна и се одржувале врските на заднината со базата во „Кременчук“. Во оваа работа и помагала ќерката Сава се до јуни 1944 година кога бил стрелан нејзиниот син од балистите, а таа се повлекла во селото Маврово каде продолжила со истата дејност. Поврзано Малинка Ѓоревска Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ