„Беседа на фауните“ се 30 книги со 3000 басни, распоредени во 10 тома (триесетлогија басни во 10 тома) на македонскиот писател Ристо Давчевски.
Првите три тома се публикувани (2011, 2014, 2020) од „Македоника литера“. Другите седум, за жал, сè уште не се публикувани.
Првиот том од досега непубликуваните басни на македонскиот писател Ристо Давчевски (1935-2009), како дел од триесетлогијата во десет тома со заеднички наслов „Беседа на фауните“, ги содржи неговите басни во стихови за млади и возрасни во три книги „Некоја чудна полтронија“, „Големата мајмунија“ и „Боса команда“, со предговор на Мито Спасевски.
Вториот дел содржи три книги: „Делачи на светот“, „Многу цареви“ и „Пеењето лавовско“ со близу триста басни.
Третиот том е насловен како: „Лагата не умира“, „Луда басна“ и „Сто и еден пријател“.Беседа на Фауните, Ристо Давчевски, Македонска литера, Скопје, 2020
Оставнината од 30 книги басни во 10 тома на Ристо Давчевски е исклучително богатство не само за македонската литература, туку и за светската: досега ниеден автор на басни во светот не оставил зад себе толку обемен опус на басни (најпознатите – Лафонтен има 12 книги и Езоп 600 басни, а Ристо Давчевски за време на својот 60-годишен творечки период напишал 6000 басни, од кои повеќето од половината не се објавени).
Делото на Давчевски„ Беседа на фауните“ е создавано дваесетина години. Давчевски ги има надраснато сите свои учители – европските баснописци, ја осмислил обновата на долговековната езопизација, ѝ дал нов пулс, нов видик со нова димензија и во тој проект ја вткал душата на своето време со илјадници теми расфрлани низ целата планета. Низ емотивна и извонредна духовита умешност, завиена во апсолутната алузивна асоцијативност и со храбра воинствена сатиричност, ја означил ренесансната алинеја што му прилега на секое големо дело.
„Беседа на фауните“ е оригинална и по тоа што половината басни се посветени и на возрасните читатели, што е прв случај во историјата на овој литературен жанр.Ристо Давчевски како баснописец, Валентина Трајкоска, Македонска реч, Скопје, 2020