Козма Ѓоргиев Чуранов (Смилево, 1877 — Софија, 1940) — македонски револуционер, учител и деец на Македонските братства. Член на Сојуз на бугарските уставни клубови.
Животопис Козма Ѓоргиев е роден во 1877 година во битолското село Смилево, тогаш дел од Отоманското Царство. Неговиот татко, Георги Чуранов, бил деец на Македонската револуционерна организација и делегат во Смилевскиот конгрес.Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 66. Учел во Битолската машка гимназија, каде се приклучил во револуционерен кружок. Учествувал во Илинденското востание околу летото 1903 година.
Учителствувал за математика во Солунската машка гимназија. За више образование се запишал за филологија во Софија, но во 1907 година бил исклучен. Се запишал во Загрпескиот универзитет каде завршил за математика. После се вработил во Одринската машка гимназија. За време на Балканските војни повторно почнал да предава математика во Солунската машка гимназија.
После Младотурската револуција, во 1908 година, се приклучил во Сојузот на бугарските уставни клубови. За време на вториот конгрес Ѓоргиев бил назначен за претставник на Одринско.Дебърски глас, година 1, брой 22, 30 август 1909, стр. 4. Делегат е во обединувачкиот конгрес на Македонската федеративна организација и Сојузот на македонските емигрантски организации во 1923 година.НБКМ-БИА C VIII 38
После Првата светска војна станал директор на гимназијата во Поморие. После учителствувал во Стара Загора. Во 1930 година е назначен за организационен секретар на ВМРО, тогаш под водство на Иван Михајлов — поранешен ученик негов. Во 1929, 1932 и 1933 година е избран за секретар во националниот комитет на Македонските братсва.
Продолжил да учителствува во Врачанско. Во 1940 година починал во Софија, каде е погребан.
Наводи
Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Апсолвенти на Загрепскиот универзитет Категорија:Дејци на Македонските братства Категорија:Учители во Солунската бугарска машка гимназија Категорија:Македонски просветители Категорија:Членови на Сојузот на бугарските конституциони клубови Категорија:Учители во Прилепското класно училиште Категорија:Родени во 1877 година Категорија:Починати во 1940 година Категорија:Македонски револуционери Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Луѓе од Смилево Категорија:Починати во Софија Категорија:Дејци на ВМРО