Матилда Рахами Израел ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија, една од жртвите на Холокаустот.
Животопис Како ученичка во Битолската гимназија била примена за член на СКОЈ во 1942 година. Собирала народиа помош и се вклучила во борбата против фашистичките бугарски младински организации „Браник“ „Отец Пајсиј“ и други. На 11 март 1943 година, од страна на бугарскиот окупатор била депортирана во концентрациониот логор Треблинка во Полска, каде била задушена во гасна комора.
Поврзано
Депортација на Евреите од Македонија Естреја Израел Исак Израел
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна