Стева Гоцева Илиева ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Делувала во селото од мај 1942 година како член на СКОЈ. Била член на групата на стреланите ваташки младинци. И таа била одведена на стрелиштето, но била ослободена и продолжила активно со својата дејност во заднината на НОД. Според нејзиното сведоштво, младинците биле собирани од нивните домови и постоел список со нивните имиња и презимиња. Во кафеаната биле испрашувани и тепани, а потоа биле терани да признаат дека биле сите заедно со партизаните на 1 мај во месноста Моклиште и дека биле нивни помошници. На крајот на полицискиот распит биле ослободени еден младинец и една девојка. Останатите 12 младинци и 4 девојки остануваат со обвинение за врска со партизаните и претстојно бегство во планината. Откако тие ги поднеле сите тортури и измачувања, полиција и војска ги одвеле пешки во колона кон Моклиште.
Поврзано
Масакр во Ваташа
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ