„Пристоен предлог и други песни“ е збирка на поезија на современиот поет и писател Тихомир Јанчовски издадена во 2024 година, издание на „Сивејан“.Тихомир Јанчовски,Пристоен предлог и други песни, Скопје: Сивејан, 2024 Содржина Поетската книга авторот ја поделил во четири циклуси: Жив човек, Природа и етика, Води и времиња и Ничија земја. Во секој од овие циклуси тематски се покрива специфичен дел од живеењето, за заеднички да се подредат под еден именител, а тоа е необично обичниот јазик, кој изненадува со својата поетичност и музикалност. Песните на Јанчовски може лесно да ги замислиме и во проза, исто како што неговата проза подеднакво личи на стихувана творба, како што е на пример од првиот циклус Жив човек, „Што знам за животот?“. Во секоја од овие творби длабоко прозвучува етичноста и длабоката резигнација. Наводи
Категорија:Македонска поезија Категорија:Дела на Тихомир Јанчовски Категорија:Книги од 2024 година Категорија:Појавено во 2024 година во Македонија