Жеовани Кенда (роден на 30 април 2007 година, во Бисао) — португалски фудбалер, на и на португалската репрезентација под 21 година.
Биографија Роден во Гвинеја-Бисао, тој се преселил во Португалија со своето семејство како дете.
Технички карактеристики Како крило-амбидекстер, тој подеднакво добро може да игра на двете страни од теренот. Најсилните страни му се дриблингот и брзината, поради што е многу добар во ситуации еден на еден.
Клупска кариера Почетоци Жеовани Квенда е роден во Гвинеја-Бисао на 30 април 2007 година. Откако како дете се преселил во Амадора, Португалија, тој ја започнал својата фудбалска кариера во локалната екипа Дамаиенсе во 2016 година. Таму, тој го привлекол вниманието на Бенфика, кои го одвеле во нивниот камп во Сеишал, а потоа и се приклучил на академијата на клубот. По две години во Бенфика, тогаш 13-годишниот Кенда, решил да го напушти клубот и да премине во редовите на градскиот ривал Спортинг Лисабон, откако Бенфика не му обезбедила соба во кампот како што му ветиле.
Спортинг Лисабон Во 2019 година, Кенда се приклучил на академијата на Спортинг Лисабон. Откако ги поминал сите младински категории во клубот, наметнувајќи се како еден од најдобрите во секоја од нив, во август 2023 година, тој го потпишал првиот професионален договор со Спортинг. Во сезоната 2023-2024, на возраст од само 16 години, Кенда бил вклучен во тимот под 23 години во Лига Ревелесао. Во вториот дел од истата сезона, тој бил приклучен на вториот тим на Спортинг во третата лига, правејќи го своето деби на 17 февруари 2024 во натпреварот против Амора, со што станал најмладиот дебитант. Еден месец подоцна, тој го постигнал својот прв гол со Спортинг Б во победата од 2-0 над Оливеира Хоспитал. Сезоната ја завршил со 9 настапи и 2 гола за Спортинг Б во третата португалска лига.
По импресивните настапи за вториот тим, во следната сезона, Кенда бил вклучен во првиот тим од страна на тренерот Рубен Аморим, кој за него рекол дека „е многу талентиран, многу зрел и ја разбира играта како возрасен“. Тој го имал своето деби за првиот тим на 3 август 2025, станувајќи притоа најмладиот играч (на возраст од 17 години и 95 дена) кој постигнал гол за клубот, реализирајќи го третиот гол за „лавовите“ во поразот од 4–3 од Порто во Суперкупот на Португалија.
Откако го импресионирал Аморим и офанзивно и дефанзивно, тој заработил место во почетната постава за првиот првенствен натпревар во сезоната, со што го направил своето првенствено деби за клубот во победата од 3–1 на домашен терен над Рио Аве на 9 август. На 12 септември, тој се согласил на продолжување на договорот до 2027 година, со што била зголемена неговата клаузула за откуп од 45 милиони евра на 100 милиони евра. Пет дена подоцна, тој го имал своето деби во Лигата на шампионите, започнувајќи како стартер во победата од 2–0 над Лил во првенствената фаза. На 26 октомври, тој го постигнал својот прв првенствен гол за Спортинг во победата од 3–0 над Фамаликао; со 17 години, пет месеци и 27 дена, тој станал најмладиот играч кој постигнал првенствен гол за клубот, надминувајќи ги Симао Саброса (17 години, шест месеци и 16 дена, во 1997 година) и Кристијано Роналдо (17 години, осум месеци и 3 дена, во 2002 година).
Репрезентативна кариера Кенда настапил со португалската репрезентација под 17 години на Европското првенство 2024 во Кипар, стигајќи до финалето во кое загубиле со 3-0 од Италија.
На 11 октомври 2024, дебитирал за репрезентацијата под 21 година, во победата со 3-1 над Фарските Острови во квалификациите за Европското првенство 2025.
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 30 мај 2025. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2023-2024 3Л 9 2 - - - - - - - - - 9 2 2024-2025 ПЛ 34 2 КП+ЛК 6+3 0+0 ЛШ 10 0 СП 1 1 54 3Вкупно во кариерата 43 4 9 0 10 0 1 1 63 5
Титули Клупски Спортинг Лисабон Примеира лига : 1 2024-2025
10px Куп на Португалија : 1 2024-2025
Наводи
Надворешни врски
Жеовани Кенда на soccerway Жеовани Кенда на transfermarkt Жеовани Кенда на espn Жеовани Кенда на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Португалски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Родени во 2007 година