мини|Џохацуата ги напуштаат своите вообичаени животи, честопати за да избегнат срам во општеството. Џохацу (, jōhatsu, буквално: „испарување“) — луѓе во Јапонија што намерно и без трага исчезнуваат од својот досегашен живот. Оваа појава може да се сретне и на други места во светот, како во САД, Кина, Јужна Кореја, Обединетото Кралство и Германија. Меѓутоа, во Јапонија тоа е веројатно пораспространето, поради одредени културни чинители.

Заднина Се претпоставува дека строгата работна култура во Јапонија, заедно со недостигот од семејна и општествена поддршка, придонесува за честотата на појавата џохацу во земјата. Дополнително, напуштањето на работно место се смета за срамно во јапонската култура. Затоа, самоубиство, смрт од преработеност (кароши), или станување џохацу се можни исходи. Исто така, ваквиот чин може да го поштеди семејството од високите трошоци што често се поврзуваат со самоубиството (на пр., долгови, трошоци за чистење, и надоместоци за прекин на услуги кога некој се фрла на железничка платформа).

Слични општествени притисоци се сметаат и за чинители во појавата на хикикомори и релативно високата стапка на самоубиства.

Наводи

Надворешни врски

Disappearing to Start a New Life - The Phenomenon of Jōhatsu

Категорија:Јапонско општество Категорија:Јапонски поими