Каталпа (Catalpa) – род на листопадно дрво што припаѓа на фамилијата Bignoniaceae. Достигнува висина 20m, има криво стебло, кревки гранки и широка круна. Листовите се големи од 10–20 cm, со срцевиден облик.
Каталпата цвета во јуни и јули. Цветовите се крупни, бели, ѕвонести, во внатрешноста имаат две жолти пруги и бројни црвенкасти пеѓи. За време на цветањето пчелите ја посетуваат во текот на целиот ден. Цвета после шестата година од садењето. Плодовите се долги и изгледаат како боранија.
Каталпата сака сончеви места и хранливо земјиште. Отпорна е на болести и на разни штетници. Се сади како украсно растение па често се среќава по градските паркови и улици.
Категорија:Усноцветовидни