Депонија — роман на македонскиот писател Славко Јаневски,и може да се смета како дел од циклусот за Кукулино, издаден во 2000 година.

Содржина Романот „Депонија“ од Славко Јаневски е последниот роман кој авторот го предал за печатење непосредно пред да почине. Тој претставува деветти роман од циклусот Кукулино заедно со „Девет Керубинови векови“, „Легионите на Свети Адофонис“, „Кучешко распетие“, Чекајќи чума“, „Чудотворци“, „Тврдоглави“, „Континент Кукулино“, и „Рулет со седум бројки“ кои го покриваат периодот од 700 до 2096 година.Славко Јаневски, Депонија, Зумпрес, Скопје, 2000

Кукулинскиот живот и во овој свој роман, Јаневски го прикажува со мешавина на фантастика, предание, мит, но и реалност. Тука се покрива една современа тема на модерното живеење, кое е сепак архаично предадена поради зачмаеноста на Кукулино. Самите локалитети (Поскочка Колепка, Кукулино, рекичката Давидница) се неизделиво поврзани со митскиот простор од другите дела на Јаневски. Тука се и спротивставените ликови, закараните браќа, Димуш Угрин и Горчин Угрин, со своите семејства, нереално убавата Ронка, како и плејада кукулински ликови, јасновидци, светци и грешници.

Темата е сосема модерна, загадување на животната средина, создавање на депонија во кукулинскиот простор, но фантастиката и стилот на авторот се препознатливи и во ова последно негово дело. Кукулинците се соочени со смртта која се надвиснува над селото поради депонијата која го исполнува долот, а убиствата на крајот, како и бегството на Ронка има пророчко значење. Сепак, на крајот чекањето на новото раѓање на детето на Загорка и Ване се единствената утеха за стариот Димуш Угрин и симболизираат барем трошка оптимизам. Славко Јаневски, Депонија, Зумпрес, Скопје, 2000

Наводи

Категорија:Македонски романи Категорија:Романи кои се одвиваат во Македонија Категорија:Дела на Славко Јаневски Категорија:Книги од 2000 година Категорија:Појавено во 2000 година во Македонија