мини| Ceiba pentandra Националниот парк Јагуас е создаден на 11 јануари 2018 година и се наоѓа во регионот Лорето во Перу, во близина на границата со Колумбија. Зафаќа површина од 8.689 км2 тропска шума. Заедно со Националниот парк Рио Пуре, Кахуинари и Амакајаку во Колумбија, како и Регионалните заштитени подрачја Маиџуна Кичва и Ампијаку Апајаку во Перу, тој е дел од огромен биолошки коридор.

Клима Климата е тропска со просечна температура од 31°C и релативна влажност од 80% во текот на целата година. Дневните врнежи варираат од 3,5 мм во Август до 9,5 мм во Март. Просечните годишни врнежи од дожд се 2827 мм.

Фауна Во националниот парк има приближно 600 видови птици, 150 видови цицачи, 110 видови водоземци и 100 видови влекачи, како што се кафеавиот волнест мајмун, мравојадот, јужноамериканскиот тапир, џиновската видра, амазонската крава, амазонскиот делфин, кајманот и жолтоногата желка. Во паркот се наоѓаат и повеќе од 300 видови риби, меѓу кои и Арапаима, најголемата слатководна риба во светот.

Флора Во паркот има повеќе од 3.500 видови растенија, меѓу кои Hura crepitans, Cedrelinga cateniformis, Simarouba amara, Macrolobium acaciaefolium и Ceiba pentandra. Категорија:МСЗП-Категорија II Категорија:Национални паркови во Перу Категорија:Перу